Линкови за пристапност

Главниот политички советник на претседателот Буш се повлекува од функцијата


Роув, кој ги водеше изборните кампањи на Буш во 2000-та и 2004-та, вели дека е време да замине и дека го прави тоа за добро на неговото семејство. Тој се решил на ваков чекор откако шефот на Кабинетот во Белата куќа Џошуа Болтен ги информирал вишите соработници дека доколку останат на функцијата по празникот Денот на трудот – овој 3-ти септември, практично се обврзуваат да останат и до крајот на мандатот на претседателот - јануари 2009-та.

Карл Роув беше во фокусот на јавноста со месеци за време на криминалната истрага за тоа кој на медиумите го открил идентитетот на тајниот агент на ЦИА Валери Плејм. Сопругот на Плејм, поранешниот американски дипломат Џозеф Вилсон, тврди дека токму Роув го сторил тоа, прекршувајќи ги законите. Роув во истрагата не беше обвинет за вакво дело.

XS
SM
MD
LG