Линкови за пристапност

Буш:  натамошна соработка со Пакистан против водачите на Ал-Каида


Џорџ Буш истакна дека со неговиот пакистански колега Первез Мушараф во исламските милитанти гледаат заеднички непријател:

-На Мушараф му предочив дека очекувам целосна соработка во размената на разузнавачките информации и сметам дека во таа насока добро соработуваме. Му кажав дека американскиот народ би очекувал брза акција доколку постојат веродостојни разузнавачки информации за присуство на терористички лидери во Пакистан.

Ваквиот коментар уследи откако пакистанскиот претседател порано неделава ги критикуваше неодамнешните изјави од американска страна дека САД би можеле директно - без претходна консултација со Пакистан - да нападнат цели во земјата за кои постои сомневање дека се милитанти бази. Мушараф е клучен американски сојузник во борбата против Ал-Каида, но тој неодамна се најде под засилен притисок од Вашингтон по проценката на американското разузнавање дека Ал-Каида повторно изградила поголем дел од својата оперативна способност во зафрлените области на Пакистан, долж границата со Авганистан.

На тема Иран, претседателот го предупреди Техеран да не ги снабдува шиитските милитанти во Ирак со оружје:

-Една од главните причини поради која побарав од нашиот амбасадор во Ирак Рајан Крокер да се сретне со Иранците во Багдад е да упати порака дека ќе има последици по луѓето кои транспортираат експлозивни проектили, софистицирани експлозивни направи од кои гинат Американци во Ирак.

На новинарското прашање за американскиот притворен центар во Заливот Гвантанамо на Куба, Буше кажа дека тој не може да се затвори се` додека другите земји не се согласат да ги преземат тамошните затвореници кои се нивни државјани.

XS
SM
MD
LG