Линкови за пристапност

Буш задоволен од економската ситуација во САД


Џорџ Буш по средбата со своите економски советници оцени дека економијата „цвета”:

-Од 2003-та, се создадени над 8,3 милиони нови работни места, во речиси четири години непрекинат период на економски растеж. Економијата продолжува да расте со постојана стапка – во последниот квартал таа растеше со годишна стапка од 3,4 проценти.

Претседателот смета дека ова се должи на неговите даночни скратувања и процени дека тоа ќе донесе дополнителни 167 милијарди долари во даночни приходи годинава. Буш истовремено ги критикуваше демократите кои имаат контрола во Конгресот поради тоа што се обидуваат да ги зголемат федералните трошоци за преку 200 милијарди долари во наредните 5 години. Тоа, смета, Буш, ќе резултира во најголемо даночно зголемување во американската историја:

- Свесен сум дека демократите го контролираат Конгресот, а со тоа и колку ќе се одврзе ќесето. Но и јас имам одредена моќ - што се нарекува вето - и имам доволно гласови во Конгресот таквото вето да се одржи. Ќе употребам вето со цел вашите даноци да останат ниски и федералните трошоци да останат под контрола.

Владата предвидува дека буџетскиот дефицит годинава ќе падне на 205 милијарди долари, што е најниско ниво од 2002-ра. И покрај тоа што е оптимист во однос на економијата, претседателот сепак не коментираше на загриженоста поради падот на пазарот со недвижнини и напнатоста во кредитната индустрија.

XS
SM
MD
LG