Линкови за пристапност

САД:  Засилени мерките за враќање на илегалните мигранти


2007-ма е на пат да биде рекордна година во програмата наречена „Врати на испраќачот“

Сенди Доумет ги пакува работите и заминува за Мексико да биде со неодамна депортираниот сопруг. Таа емигрирала во САД од Еквадор пред 11 години, а неодамна стана американски државјанин:

-Тешко е да сфатам дека земјата која ми ги отвори вратите, сега ме истерува, затоа ако останам, моите деца ќе треба да живеат без татко им-вели таа.

Сенди и сопругот живееле заедно во Флорида осум години а биле во брак шест. Имаат три деца, сите американски државјани. Водат успешен бизнис. Но, мажот на Сенди е Мексиканец, кој илегално влегол во САД пред 10 години. Додега трипати бил протеруван, и сега му е забрането да се врати назад.

Денис Диаз од групата поборници за имигрантите „Работа и правда“ вели дека властите порано фаќале криминалци со илегален престој, но сега цел на нивните акции се сите недокументирани имигранти:

-Тие не се закана по општеството или по безбедноста на Американците. Сега се чини дека им се прекршени граѓанските права, и, во крајна линија, човековите права.

Порастот на депортации го поздравува Мајк Џарбек водач на Проектот на Минутмените, група активисти против илегалната имиграција, вели тој:

-Америка е земја на закони. Ако не ги почитуваме, имаме двојни стандарди – цела група на луѓе на кои тие не се однесуваат. Тоа е противуставно.

Според владината статистика, од 150.000 илегални имигранти депортирани меѓу октомври 2006-та и јуни 2007-ма, околу 90.000 немале криминално досие. Агенцијата за имиграција вели дека не депортира произволно, туку врз конкретни информации. Сепак, тоа емала утеха за Сенди Доурмет. Таа вели дека ќе остане со сопругот во Мексико, но дека ќе доаѓа во САД поради медицински третман на едно од децата со срцев проблем.

XS
SM
MD
LG