Линкови за пристапност

Уште најмалку три дена додека спасувачите стасаат до затрупаните рудари во Јута


Роберт Мјуреј, еден од сопствениците на рудникот Крендал Кањон лоциран во планински предел на околу 220 километри од Солт Лејк Сити, на прес-конференција кажа дека ќе бидат потребни најмалку три дена спасувачите да допрат до рударите. Мјуреј не можеше да каже дали се живи, но потврди дека би имале доволни залихи на вода и воздух да опстанат додека спасувачите стасаат до нив.

Стотиците спасувачи лоцирале каде точно се наоѓаат рударите, но дека досега не успеале да воспостават комуникација со нив. Според проценките, рударите се наоѓаат на околу шестипол километри од влезот во окното и се затрупани на длабочина од половина километар. Во рудникот беше донесена дополнителна градежна механизација да помогне во акцијата.

Властите првично соопштија дека окното се срушило поради земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтеровата скала, но стручњаците сега велат дека потресот можеби е резултат токму на големото подземно уривање во рудникот.

XS
SM
MD
LG