Спасувачките екипи во Минеаполис, сојузната држава Минесота и натаму трагаат по жртвите од овонеделното уривање на мостот над реката Мисисипи.
Досега се потврдени пет смртни случаи, а според различни извештаи за исчезнати се водат меѓу 8 и 30 лица. Од болнички извори се дознава дека во инцидентот биле повредени најмалку 79 лица.
Местото на настанот денеска го посети првата дама, Лора Буш. Таа претходно имала закажано средби во Минеаполис, а претседателот Буш се очекува да пристигне утре.