Линкови за пристапност

Се урна мост во Минеаполис


Шефот на противпожарната служба Џим Клак изјави дека операцијата е пренасочена од спасување кон обнова. Полицијата денеска одби да шпекулира колку луѓе се убиени од колапсот на мостот со осум автомобилски ленти. Првичните извештаи велат дека загинале седуммина, а десетина се водат за исчезнати.

Властите соопштија дека ќе бидат потребни најмалку три дена да заврши потрагата по автомобилите кои се најдоа во реката по уривањето на мостот.

Државните и федерални официјални лица од одделите за транспорт се наоѓаат на местото на настанот да пронајдат што предизвикало конструкцијата на мостот да се урне.

Официјални лица од американскиот оддел за домашна безбедност соопштија дека нема индикации за терористички акт.

XS
SM
MD
LG