Во изминативе 66 месеци американската економија бележи постојан растеж, создавајќи седумипол милиони нови работни места и придонесувајќи за рекордно ниво на американскиот пазар за акции.
Па сепак, неодамна спроведената анкета на Ју-Ес-Еј Тудеј и Галуп покажува дека шест на секои десет Американци сметаат дека економската ситуација била подобра пред пет години.
-Доколку ги погледнете цифрите, тоа едноставно не е точно. Американците многу подобро живеат денес, споредено со тогаш- вели Десмонд Лачмен од институтот Американ ентерпрајс и додава:
-Денес имаме поинаква економија споредено со пред 10 или 15 години, многу поголеми технолошки промени, многу поголема конкуренција од странство, и сигурноста на работното место и бенефициите е помала.
Во 2005-та, просечен генерален директор на една од 500-те најпрофитабилни компании, имал за 262 пати поголеми примања од еден просечен работник во САД.
Елизабет Џекобс од институцијата Брукингс вели дека токму средната класа не добива парче од американскиот економки колач. Иако примањата по домаќинство нараснале, Американците работат понапорно од кога и да е` порано, вели Џекобс.
Освен тоа, транзицијата кон глобалната економија може да биде штетна за некои Американци поради губењето на работните места како резултат на работната сила од странство.