Линкови за пристапност

САД: Се зголемува побарувачката на органската храна


Храната што е локална и органска, одгледана без употреба на вештачки ѓубрива и пестициди, станува исклучително популарна во САД. Но сепак побарувачката е поголема од понудата.

Ен Кјуар на својата фарма во Колорадо употребува методи што не се широко распространети во САД. Наместо да ги затвора своите 200 патки и кокошки, тие се чувани на слобода, во голем ограден двор. Таа вели:

-Одгледуваме околу 200 видови на зеленчук, и многу овошје, што не е само добро за почвата туку со тоа го држиме интересот на луѓето кои чекаат да видат што ново ќе понудиме."

Како дополнение на повеќе од три хектари насадени со различни култури, оваа фарма произведува и јагнешко и свинско месо од животни хранети со трева. Од кокошките има постојан прилив на јајца, од пчелите мед, а тие исто така ги опрашуваат посевите.


Градот Болдер ги поттикнува луѓето да се свртат кон органското производство. Направени се градски градини, вклучувајќи и една само за деца, наречена пица-градина. Таму се одгледуваат сите состојки што се користат на пица, како лук, домати и слично. На тој начин, како што вели седумнаесетгодишниот Бернабе Сото, градинарството помага да се биде во контакт со природата.

Од органиското градинарство може да се живее, иако тоа не е лесен живот.


Последнава деценија во САД, побарувачката за органска храна е рапидно се зголемува, по речиси 20 проценти секоја година. Индустриските лидери велат - доколку владата и заедниците повеќе го поддржат органското фармерство, повеќе луѓе ќе бидат подготвени да станат фармери.

XS
SM
MD
LG