Линкови за пристапност

Буш и Браун го потврдија пријателството


Јавноста вчера беше свртени кон двајцата лидери, чија прва средба беше во Кемп Дејвид, претседателското одморалиште во близина на Вашингтон, заради сугестиите дека тие нема да уживаат пријателство какво што беше меѓу американскиот претседател и претходникот на господинот Браун, Тони Блер. Но, по средбата пред новинарите тие имаа убави зборови еден за друг и зборуваа со заеднички јазик:

„Успехот во Авганистан и Ирак ќе биде интегрален дел на победата врз непријателот и помагањето на луѓето да сфатат колкава благодет е слободата“, изјави претседателот Буш.


„Тероризмот не е кауза, тоа е криминал против човештвото. И не смее да постои засолниште за оние кои практикуваат терористичко насилство или проповедаат терористички екстремизам“, кажа Гордон Браун

Британија има 5500 трупи во Ирак. Господинот Браун вети дека ќе ги задржи во Ирак додека мисијата не е комплетирана. Но војната не е популарна во Британија. Британските медиуми Тони Блер го нарекуваа „пудлица“ на претседателот Буш. Дејвид Герген е поранешен советник на неколку американски претседатели. Тој вели дека Гордон Браун е под огромен притисок дома да се дистанцира од Блер во однос на војната, зашто војната за Тони Блер станала вистински албатрос во британската политика.

По вчерашните средби со конгресните лидери, господинот Браун замина за Њујорк на разговори со генералниот секретар на ОН Бан ки-Мун.

XS
SM
MD
LG