Линкови за пристапност

САД повеќе да инвестираат меѓународниот развој и демократијата, бараат поранешни владини лица


Двопартиска група од истакнати поранешни владини претставници ги повика американските претседателски кандидати да го променат пристапот на САД кон светот и да стават акцент на промоцијата на стабилност и просперитет.

Во изјавата издадена од Центарот за американско глобално ангажирање – широка коалиција на двопартиски политички, деловни и невладини групи како и развојни агенции - дваесетина американски политичари бараат поголемо инвестирање во меѓународниот развој и демократијата.

Поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт со ваква визија за американското лидерство во иднина:

Веруваме дека американското лидерство треба да започне да функционира на сите цилиндри – рефлектирајќи ја не само моќта и воената сила на САД туку и вистинската комбинација на развој, демократија, дипломатија за изградба на мир, поддршка за просперитетот, јакнење на правната држава и поразување на оската на злото: сиромаштија – игнорантност – болести.

Поранешниот секретар за домашна безбедност Том Риџ смета дека САД најдобро ќе одговорат на сопствените национални интереси преку помагање на другите земји да станат посилни, попросперитетни партнери.

Предлог буџетот за 2008-ма на владата на претседателот Буш предвидува 16.4 проценти за одбрамбени потреби, а 1,2 проценти за меѓународни прашања, вклучувајќи дипломатија и развојна помош за странство. Поранешниот секретар за одбрана Франк Карлучи смета дека буџетот треба да биде побалансиран.

XS
SM
MD
LG