Линкови за пристапност

Во Вашингтон претставен новиот автомобил на електрична енергија


Претставници од американскиот автомобилски концерн Џенерал Моторс неодамна беа во Вашингтон и го претставија новиот автомобил на електрична енергија Шеви Волт. Од компанијата велат дека новото возило ќе го промени начинот на размислување, ќе се намали емисијата на издувни гасови во атмосферата и зависноста на Америка од странска нафта.

Шеви Волт засега е само модел, бидејќи технологијата употребена во него се` уште е во развој.

Дизајнерот Боб Бонфејс вели:

Ова е првенствено возило на електричен погон, со екектричен мотор и голема литиумска батерија. Ја полните со вклучување во ѕид и може да возите 40 милји, без бензин.

Ако сакате да продолжите и преку границата од 40 милји, возилото има мал мотор на бензин, но тој, за разлика од се` популарните хибридни возила, не се користи за движење на возилото, туку само за полнење на батеријата, со што загадувањето е сведено на минимум.

Џенерал Моторс се надева дека Шеви Волт ќе се најде на пазарот во 2010-та година.

XS
SM
MD
LG