Бунтовничките напади со проектили врз најстрого обезбедената „Зелена зона“ во Багад станале попрецизни изминативе три месеци поради обуката од Иран, смета еден од главните американски комаданти во Ирак, генерал-полковникот Рејмонд Одиерно.
Ваквиот коментар доаѓа два дена откако амбасадорите на САД и Иран одржаа директна средба во Багдад посветена на безбедноста во Ирак – втора од ваков вид годинава. Вашингтон тврди дека Техеран пружа обука и оружје на шиитските милиции. Техеран го негира тврдењето.