Линкови за пристапност

НБА ја потресува скандал


Тврдењето дека судијата Тим Донахју - со 13-годишен стаж во НБА – се обложувал на натпревари во кои судел ги разочара љубителите на кошарката. Кошаркарскиот експерт Стивен Смит вели:

- Ова ни кажува – натпреварот што го гледате, жарот во него – фрлете ги низ прозорец, бидејќи некој се обидува да го диктира крајниот резултат.

Истрагата на федерално ниво е насочена на 15-тина натпревари на кои Донахју наводно со свирчето директно влијаел на тоа кој ќе победи. Комесарот на НБА Дејвид Штерн на прес конференција оцени - најтежок скандал во последниве 40 години на лигата:

- Едноставно, предавнички чин на светата доверба што се дава на судиите. Никаквец, изолиран криминалец.

Извори блиски на истрагата велат дека Донахју бил зависен од коцкање и соработувал со обложувачи поврзани со организираниот криминал, обидувајќи се да ги врати своите долгови. Спортскиот новинар Крис Брусард коментира дека ќе биде уште полошо доколку се вмешани и други судии – можност што истрагата засега ја нема исклучено.

Комесарот на НБА Стерн на прес-конференцијата подвлече дека лигата ќе стори се` за да ја врати довербата. Но, барем засега, меѓу играчите, тренерите и љубителите на НБА– разочараноста е очигледна.

XS
SM
MD
LG