Линкови за пристапност

ЕУ: Судските реформи во Македонија се успорени


Неможноста да се комплетира Судскиот совет поради што се одлагаат серија други реформски зафати кои треба да се превземат во судскиот систем е забелешката која ја упати ЕУ.

Во обид да ја надмине повеќемесечната блокада на процесот на комлетирање на Судскиот совет, Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере во својата резиденција ги повика претседателот на државата, премиерот и партиските лидери. Резултатите од средбата не се познати. Вчера во врска со овој состанок регираше претседателот Црвенковски, кој средбата ја оцени како понижувачка за државата.

- Бев на средбата само поради тоа што се работеше за многу важно прашање, како што е формирањето на Судскиот совет. Меѓутоа, понижувачки е, и за државата, и за народот, бидејќи вака покажуваме дека немаме капацитет и не сме способни сами на маса да ги решаваме проблемите, изјави претседателот Црвенковски, барајќи политичките фактори сами, а не со помош на меѓународната заедница да ги решаваат проблемите.

XS
SM
MD
LG