Линкови за пристапност

Вашингтон бара конкретни резултати од Иран околу Ирак


Иранската новинска агенција соопшти дека Техеран е подготвен да размисли за повисоко ниво на разговори со САД на прашања за безбедносната ситуација во Ирак. Оваа изјава на министерот за надворешни работи Мотаки доаѓа само еден ден по средбата на американскиот и иранскиот амбасадор во Багдад, каде ја одржаа втората рунда разговори за безбедноста во земјата.

Според агенцискиот извештај, Манучер Мотаки смета дека постојат услови да се утврди дали може да дојде до средба на тема Ирак меѓу заменици министри за надворешни работи на САД и Ирак.

Вчера, пак, на втората средба годинава меѓу амбасадорите на овие земји во Багдад, тие се договорија заедно со ирачки претставници да формираат безбедносна поткомисија со мандат за враќање на стабилноста во Ирак. Но, американскиот амбасадор Рајан Крокер вели:

- Овој напор и дискусија треба да се мерат во резултати – а не принципи и ветувања. Засега резултатите од теренот не се охрабрувачки.

САД го обвинуваат Иран дека дава оружје и обука на шиитските паравоени групации. Иран, пак, негира. Ирански претставници велат дека Вашингтон нема докази, на што Крокер возвраќа:

- За тоа не ни треба судски доказ. Јасно им кажавме на Иранците дека знаеме што прават. На нив е да одлучат што да сторат.

Некои аналитичари сметаат дека во дијалогот со Иран треба да се вклучат сите регионални инстанци. Така, поранешниот главен американски преговарач за Блсикиот Исток Денис Рос наведува дека фактот што само Иран е на маса практично им помага на властите во Техеран, бидејќи сметаат дека се попотребни отколку што навистина се.

XS
SM
MD
LG