Дејвид Реј е монтажер на најновиот филм на Милчо Манчевски – Сенки. За соработката и причините да учествува во најновиот проект на македонскиот режисер - со Реј разговаравме во Њујорк.
Во обемната биографија од преку 20-тина филмови на Дејвид Реј стојат и култниот Scarface од 1983-та, Carlito’s Way, 2005-та, Shot at Glory од 2000-та.. Во Њујорк работи последните 35 години. Потекнува од Лондон. Добро му се познати и американскиот и европскиот филм.
Која е разликата меѓу двете школи:
- Мислам дека европските режисери и продуценти сакаат да третираат теми што никогаш не би биле екранизирани во САД. Филмот „Сенки“ е добар пример за тоа. Тоа е филм на изразито надреално ниво.
Од кои причини ја прифати соработката со Манчевски во овој филм?
- Една од причините да го прифатам ангажманот е да работам на филм наменет претежно за возрасни. Темата во него е за возрасни и нема многу такви филмови во САД - денес.
Ова е голема можност за мене да работам со режисер кој имат висок углед во филмскиот свет како што е Милчо Манчевски. Такви шанси нема секој ден, констатира Реј.
Според него, Сенки е филм претежно за пософистицирана публика и нема претензии да биде блокбастер.