Линкови за пристапност

„Сенки„ – современа приказна за нашиот морален однос


Монтажата на најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски – Сенки е во завршна фаза. Тој се надева најновиот филм да биде готов до првата половина на септември, а дистрибутерот, светски позната куќа Баварија филм, ќе одлучи каде ќе се случи промоцијата пред публика. По тој повод, со Манчевски разговаравме во Њујорк:

На улицата Вашингтон со број 799 се наоѓа студиото на Голд Крест Продакшн, каде Милчо Манчевски ја завршува монтажата на најновиот филм „Сенки“. Во работна атмосфера од рано утро до навечер се средуваат последните детали од филмот.

- Дали се уште ја црпи инспирацијата за своите филмови од Македонија?

- Филмовите што ги работам ги гледам како филмови за луѓе, а не за локации. Многу ми е драго кога таа приказна функционира и кога би ја снимиле на друго место. Често ми се случува да чујам коментари, кои го гледале „Пред дождот„ – е оваа приказна можеше да случи и во мојата татковина Кашмир или на некое место на Блискиот исток.

За што станува збор во Сенки и по кои критериуми се водеше при изборот на екипата за снимање?

- „Сенки„ е една приказна која може да се сведе на една реченица – Понекогаш мртвите зборуваат погласно од живите. Тоа е современ филм, кој се случува во денешницата или како ние како луѓе се однесуваме кон својата заедница, кон предците, кон неродените, кон нашите морални обврски.“

При изборот на екипата за Сенки вели дека се водел од критериумот да се вистински професионалци кои знаат да си ја завршат работата. Секогаш во прв план ми е важно да работи некој од Македонија, затоа што филмот е најголем дел македонски, и но и со крајна цел да се дошколуваат голем број кадри и филмски работници од Македонија, признава Манчевски.

Манчевски се надева најновиот филм да биде готов до почетокот на септември, а премиерата би била некаде наесен. Се уште не одлучил на кој фестивал ќе биде премиерата на „Сенки„. Баварија филмс ги има правата за светската дистрибуција, ќе даде предлог, па потоа ќе размисли – каде би играл прво филмот.

Од неодамна, Манчевски се стекна со почесната титула на амбасадор на културата на Република Македонија. Признание, но и одговорност?

- „Тоа е признание и одговорност, но мене не ми треба официјална титула да чувствувам одговорност кон земјата од која доаѓам, кон луѓето со кои сум израснал, кои на некој начин, сакал или не сакал ги претставувам. Се чувствувам обврзан, секој мој јавен збор искажан низ светот да морам да го „измерам„ затоа што се гледа како збор кажам од многу мои сонародници. Од една страна, тоа е убаво, но од друга е товар и е одговорност.“

За да може да се достојно да се презентира македонската култура во светот потребни се дела, но и организиран систем со цел државата да стои зад сето тоа. Ниту еден поединец не може да го направи сам по себе, смета Манчевски.

Во буџетот на Сенки од околу 4, 5 милиони евра, во кои македонското министерство за култура учествува со половина, партиципираат ко-продуценти од Шпанија, Германија, Бугарија и Италија.

XS
SM
MD
LG