Демократските кандидати за претседател на изборите 2008-ма одговараа на прашањата ги поставуваа директно гласачите преку видео веб-страницата Ју-туб.
Гласачите сакаа да слушнат какви се ставовите на кандидатите за ситуацијата во Ирак, даноците, глобалното затоплување, истополовите бракови, како и ситуацијата во Дарфур.
На тема Ирак, сенаторот Барак Обама кажа дека прашањето како САД ќе заминат од Ирак требало да биде поставено уште пред да почне војната – очигледна замерка на адреса на противкандидатите Хилари Клинтон и Џон Едвардс, кои на времето гласаа за инвазијата врз Ирак. Клинтон, која води според анкетите, беше против идејата на Обама да разговара со лидерите на непринципиелните земји, бидејќи тие би можеле да го искористат тоа како пропаганда.
Прашањата беа поставени преку видео веб-страницата Ју-туб. Дебатата во Чарлстон, сојузната држава Јужна Каролина, беше пренесувана на Си-Ен-Ен.