Линкови за пристапност

По пристигнувањето во Бугарија, медицинските сестри и лекарот помилувани


Петте бугарски медицински сестри и еден палестински лекар добија пречек на херои. Тие пристигнаа во Софија од либискиот главен град. Триполи, со француски претседателски авион. Тоа беше сосема поинаква атмосфера од затворот во Либија во кој тие минаа осум долги години по обвинение дека намерно инфицирале стотици деца со вирус на СИДА, како дел од експеримент.


Сите го негираа обвинението, велејќи дека децата биле заразени заради нехигиенските услови во болницата, вклучувајќи и употреба на нечисти игли. Медицинските сестри исто така велат дека „признанието“ цитирано од обвинителите како доказ било изнудено со тортура.


Минатата недела, Либија попушти под меѓународниот притисок и ја замени смртната казна со доживотен затвор. Во вторникот во Софија сето изгледа дека беше заборавено, кога роднините ги прифатија и им дадоа цвеќе, додека бугарскиот претседател Георги Прванов ги пречека медицинарите со пардон, пуштајќи ги на слобода.


Една од медицинските сестри беше слушната како рекла дека живеела за тој момент и дека никогаш не ја прифатила смртната казна.

Медицинските сестри беа придружени од првата дама на Франција, Сесилија Саркози, и комесарот за надворешни односи на ОН, Бенита Фереро-Валднер. Пред ослободувањето на медицинскиот персонал Фереро-Валднер посети некои од 438-те деца инфицирани со ХИВ вирусот во болницата во либискиот град Бенгази.

При посетата на децата, таа вети дека ЕУ ќе остане инволвирана во обезбедување лекарска помош за децата.

Во Софија Фереро-Валднер на новинарите им кажа дека иако инфицираните деца нема да бидат заборавени, ослободувањето на медицинските сестри е голем настан во нејзината дипломатска кариера.


Таа и се заблагодари на француската Прва дама Саркози за нејзината улога во последните моменти кои доведоа до ослободување на медицинските сестри и кажа "Тоа е прекрасен момент" за ЕУ и Бугарија. Гпоспоѓа Фереро Валднер вели дека ослободувањето ќе отвори нова страница во односите меѓу владата на Либија и ЕУ."

Договорот со кој тие се ослободени не беше со мала цена. Роднините на 438 деца добија за секое дете по околу еден милион долаи, преку Фонд за лекување на СИДАта поддржан од ЕУ. ЕУ исто така ќе постави меѓународен медицински објект во Либија за помош на пациенти со СИДА.


Претседателот на Комисијата на ЕУ Хозе Мануел Баросо им призна на новинарите во Брисел дека врз ЕУ исто така бил извршен притисок за нормализација на односите со либискиот лидер Моамар Гадафи:

"Вчера имав долг телефонски разговор со господинот Гадафи. Јас го убедив во нашата желба натамошно да се нормализираат односите меѓу ЕУ и Либија. И му кажав дека доколку ова прашање се реши, ние ќе сториме се што можеме односите да се нормализираат, зашто веруваме дека тоа е во интерес на Либија и се разбира, во интерес на Европа, како и во општ интерес за подобри односи меѓу Европа, Арапскиот и Исламскиот свет. И секако за односите меѓу Европа и Африка.

Критичарите велат дека ЕУ направила многу отстапки за Либија, која беше под меѓународни санкции по бомбашкиот напад од 1988 на авион на ПанАм над шкотскиот град Локерби, при што загинаа 270 лица.


Сепак, европските дипломати велат дека постигнувањето на ослободување за медицинските сестри и спасување на нивните животи вредело за цената и може да биде почеток на подобри односи со Либија.

XS
SM
MD
LG