Линкови за пристапност

Патување во вселената, без да се одвоите од земјата!?


Патувањето во вселената е авантура што само малкумина ја искусиле. НАСА на посетителите на Вселенскиот центар Кенеди во Флорида од неодамна преку симулација им нуди можност на своја кожа да го почувствуваат лансирањето на спејс-шатл.

Атракцијата на површина од 4 илјади метри квадратни беше отворена во мај и привлекува трагачи по возбуди од цел свет.

Ова не е обичен забавен парк. Астронаутите и инженерите три години работеа на тоа атракцијата верно да го симулира лансирањето. Еден од дизјанерите, астронаутот Ричард Сифрос, кој трипати бил во вселената вели:

- Пред да се свестите каде сте, рапидно ја вртиме кабината. Чувствувате како да настапува бестежинска состојба и таа сензација трае секунда-две. Мошне моќно чувство.

Во последните 25 години НАСА преку 100 пати лансираше спејс-шатл летала во вселената. Симулацијата им овозможува на обичните луѓе - без макотрпни години на астронаутска обука - барем на миг да почувствуваат како е да се замине во вселената.

XS
SM
MD
LG