Линкови за пристапност

Сенатори бараат подобра подготвеност во случај на ненадејна катастрофа


Првиот човек на Националната гарда, генерал-полковникот Стивен Блам вели дека во случај на навремена најава, таа би можела да одговори на итна ситуација. Но, според Блум, Гардата се` уште не е подготвена да реагира на ненадејна, голема катастрофа – не само ураган, туку и терористички нуклеарен напад:

-Во предвидлив настан, може да одговориме и без доволно опрема, бидејќи може да ја разместиме по потреба. Но во ненадеен настан – ние сме во ризик, во значителен ризик.

На распит во Сенатот на оваа тема, независниот сенатор Џозеф Либерман посочи на неодамнешна

студија во која с евели дека Вашингтон потфрлил во подготвка за евентуална катастрофа како терористички нуклеарен напад, на пример. Студијата ја направија Аштон Картер и Вилијам Пери од Проектот за превентивна одбрана на Универзитетите Харвард и Стенфорд. Тој додава:

-Креаторите на политиката во Вашингтон, според авторите на студијата, се` уште веруваат дека сојузните и локалните власти би можеле да ја стават ситуацијата под контрола. Но Картер и Пери тврдат како што покажа фијаското по Катрина, поголем дел од градовите и сојузните држави брзо ќе потклекнат пред големината на хуманитарните пртедизвици и одржувањето на редот и поредокот по евентуална нуклеарна експлозија.

Либерман и републиканскиот сенатор Сузан Колинс побараа од американската влада да изврши проверка на постојните планови за реакција на евентуална катастрофа, за да се осигура дека се сеопфатни, и - разбрани од сите.

XS
SM
MD
LG