Линкови за пристапност

Насилства пред почетокот на американско-иранската средба


Официјални претставници велат дека три паркирани автомобили експлодирале во растојание од неколку минути еден од друг во главно шиитска населба на Карадах. Најмалку тројца полицајци се загинати. Четвртиот автомобил бомба експлодирал во централен Багдад.

Бомбашките напади се случуваат во време кога ирачки официјални лица се подготвуваат да бидат домаќини на средбата меѓу американски и ирански официјални лица, при што ќе доминира безбедносната ситуаицја во Ирак.

Вашингтон го обвини Иран за распламтување на насилството во Ирак со снадбување оружје за шиитските милиции – обвинувања што Иран ги отфрла.

Американската амбасада во Багдад соопшти дека амбасадорот Рајан Крокер ќе зеде учество во разговорите со неговиот ирански колега.

XS
SM
MD
LG