Линкови за пристапност

Шестстраните разговори ќе продолжат во септември


Кинескиот претставник Ву Давеи додаде дека Северна Кореа сепак ја повторила определбата да ги пријави сите нуклеарни програми и да ги затвори сите постоечки нуклеарни објекти. Тој истакна и дека шесте земји учеснички во разговорите повторно ќе се состанат во септември.

Американскиот претставник во преговорите, заменикот државен секретар Кристофер Хил, рече дека страните се договориле да почекаат работните групи да соберат повеќе детали за наредниот чекор пред поставување на евентуален рок за прекин на работата на севернокорејските нуклеарни објекти. Тој додаде дека оваа недела била најпродуктивна во процесот на шестраните разговори.

Хил истакна дека верува оти Северна Кореа ќе ги затвори објектите до крајот на годинава.

XS
SM
MD
LG