Линкови за пристапност

Русија протера четири британски дипломати


Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Михаил Каминин изјави дека четворицата мора да ја напуштат Русија во рок од 10 дена. Москва исто така ќе прекине да издава визи за британски владини претставници. Ова е одговор на потегот на Лондон да протера четворица руски дипломати.

Кремљ во спорот појде и чекор понатаму:

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Михаил Каминин рече дека неговата земја жали што поради одлуката за протерувањето на руските дипломати, што Лондон ја објави на 16-ти јули, станало невозможно Русија да соработува со Британија во борбата против тероризмот.

Шефот на британската дипломатија Дејвид Милибенд го оцени протерување на четворицата британски дипломати како „целосно неоправдано“.

Британско-руските односи се влошија откако Кремљ одби да го екстрадира Александар Луговој, поранешен офицер на тајната служба - КГБ, обвинет за убиство на жестокиот критичар на Кремњ, Александер Литвиненко минатата година во Лондон. Литвиненко исто така не времето бил член на КГБ.

Меѓународната заедница побара да се разреши дипломатската криза на релација Лондон-Москва. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за денес најави средба со рускиот колега Сергеј Лавров за ситуацијата. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за телевијата Скај рече дека Британија нема ништо да добие отфрлајќи ја Русија. Секретарот Рајс исто така кажа дека Русија треба целосно да соработува со Британија и да го испорача Луговој по обвинението за убиство во Британија. Претставници на Кремљ пак, тврдат дека рускиот устав не дозволува испорачување на руски државјани.

Но, обете страни имаат кажано дека не сакаат влошувањето на дипломатските односи да го погоди туризмот, програмите за размена на студенти или бизнисот. Политичкиот аналитичар Фјодор Лукијанов, уредник во московскиот месечник „Русија во глобалните прашања“, сепак наведува дека бизнисот неминовно ќе страда:

Лукијанов вели дека оние кои планирале да дојдат во Русија за да учествуваат во големи проекти, тоа сега нема да го сторат. Тој верува дека британските компании нема да добијат дозвола за влез.

Рускиот портпрол Каминин кажа дека Русија се надева дека ќе надвладее здравиот разум и руско-британските релации ќе ја надминат, како што рече, оваа вештачка тешкотија.

XS
SM
MD
LG