Линкови за пристапност

Донација на опрема од САД за откривање радиоактивни материјали


Опрема вредна 276.000 американски долари САД им доделија на македонските министерства за одбрана и за внатрешни работи, чија цел е поуспешно откривање на радиоактивни материјали. Македонија е во центарот на Балканот и има псоебно важна стартегиска позиција за меѓународната безбедност, вели американската амбасадорка во Скопје Џилиен Миловановиќ.

-Во центарот на Балканот и на ракрсницата на најголемите транспортни коридори сток-Запад и Север- Југ РМ има особено важна улога којашто треба да ја одигра. Вашите службеници од Царината и од полицијата неодамна запленија големи количества на дрога и други шверцувани стоки на други гранични премини. Овие успеси потенцираат дека криминалните групи се заинтересирани да ја искористат Македонија и соседните земји како транзитни за протокот на незаконски и многу често опасни стоки.

Министерот за одбрана Лазар Еленовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска со благодарност за донацијата од Пентагон. Македонија ќе биде поспособна да гарантира поголема безбедност на својата територија, вели министерот Еленовски.

-Во изминатиот период, Министерството за одбрана има добиено донација од САД од околу 85 милиони долари преку различни фондови. Денешната донација со вредност од 276.000 долари е од особено значење за нас, а дел од оваа донација ќе биде наменета и за Воената болница. Донирањето на опремата е само уште една потврда за плодната и сеопфатна обострана билатерална соработка која во иднина ќе биде уште продлабочена во доменот на одбраната.

Министерката Јанкуловска пак смета дека специјалните уреди за мерење и откривање на радиоактивни материјали дефинитивно ќе овозможат да се зголеми степенот на борба против оружјето за масовно уништување и со тоа да се обезбеди поголем успех во борбата против тероризмот.

- Убедена сум и верувам дека опремата која се донира од страна на Владата на САД Ќе се употребуба и ќе придонесе за поуспешна превенција, контрола и намалување на заканата од пролиферација на нелегалното оружје.

XS
SM
MD
LG