Линкови за пристапност

Откриен механизмот на влијание на стресот врз гојазноста


Студиите покажуваат дека за помалку од една деценија 75 проценти од Американците ќе имаат прекумерна тежина. Медицинските истражувачи трагаат по волшебната формула за борба против гојазноста, но во меѓувреме научниците од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон сметаат дека направиле голем чекор напред во разбирањето на врската меѓу хроничниот стрес и телесната дебелина.

-Големата работа е што го откривме точниот механизам според кој луѓето се дебелат кога се под стрес и јадат храна со многу маснотии и шеќер. Со познавање на тој механизам ние можеме да ја манипулираме маснотијата- вели доктор Софија Зуковска.

Taa со колегите ставила глувци во лабораторија под стрес како на пример при средба со поагресивен глушец. Глувците станале гојазни. Истражувачите откриле зголемено количество на хемикалија наречена невропептид ипсилон кај глувците, што се активира од стрес и помага во растењето на масните клетки. Доктор Зуковска вели дека се создава констелација на повеќе преносници на хранливи материи на масното ткиво, масните клетки се мултиплицираат и растат.

Глувците особено се дебелеле околу половината, исто како и луѓето. Ова е особено опасно зашто влијае на срцето и црниот дроб, создава поголемо ниво на холестерол, висок крвен притисок, и може да доведе до дијабетис и мозочен удар. Но, научниците откриле дека може да го блокираат создавањето на хемикалијата невропептид ипсилон – со друга хемикалија.

Сите проблеми кај глувците, како хипертензија, нетолеранција на гликоза и маснотии околу внатрешните органи – биле редуцирани или спречени.

Доктор Зуковска вели дека со можноста да се манипулира композицијата не само што телото станува поубаво туку и метаболизмот се подобрува. Но, научниците предупредуваат дека се потребни дополнителни студии пред да се почне со истражувања на луѓе.

XS
SM
MD
LG