Линкови за пристапност

Aмериканската економија се опоравува, но инфлацијата останува загрижувачка


Шефот на Федералните резерви Бен Бернанки, вели дека американската економија ќе се прошири до крајот на оваа и ќе покаже умерен растеж во 2008. Тој вели дека прогнозата за годинава е за околу четвртина процентен поен пониска од проектираната во февруари, и дека разликата во голем дел е резултат на послабата градежна активност.

Бернанки го обвинува неповолниот пазар на недвижнини за анемичното прво тримесечје и предупреди дека вишокот нови домови ќе ја забави економијата.

Тој отиде и понатаму, велејќи дека пролонгираниот застој во областа на домувањето ќе има ефект на трошењето од страна на конзументите, вели тој, што дополнително ќе ја ослабне економијата. Повисоките цени на храната и енергијата исто така ќе ги зголемат цените на добрата и услугите, што ќе ја зголеми и стапката на инфлација.

-Ако се гледа од месец во месец, инфлацијата создава значителна врева, а дел од последното подобрување може да е резултат на минливи влијанија. Но долгорочно, главнината на инфлацијата се очекува скромно да се намали, со смирување на цените на енергијата и другите комуналии и намалувањето на притисокот на трудовиот и производниот пазар. Сепак, како нето инфлација – таа ќе остане и за останатиот дел на оваа година и за следната-вели Бернанке.

Тој додава дека се прават напори и за регулирање на кредитирањето, зашто годинава имало зголемена делинквентност заради давање ризични заеми на луѓе со лоша кредитна историја кои потоа не можеле да ги отплаќаат.

XS
SM
MD
LG