Линкови за пристапност

Оровчанец бара поддршка од пратениците за посебна парламентарна седница


Дилемата има или не договор помеѓу Груевски и Ахмети да се расчистува на посебна собраниска седница. Ова е најновата иницијатива што ја покренува лидерот на Новата алтернатива Ѓорѓи Оровчанец.

Тој оваа седница ја замислил како можност за утврдување на приоритетите неопходни за евроатлантско интегрирање.

-Овој прес го сметам како еден од чиновите на притисок кој треба да се реализира за да се избегне вонинституционалниот дијалог кој дефинитивно по она што вчера го видовме во Брисел не одведе во многу подлабока криза од она што ја заслужуваме. Со други зборови реформите и она што е договор дали тој бил пишан, непишан, устен или не знам каков, сето тоа може да се донесе според Уставот исклучиво во Собранието. Според тоа, за оваа работа мора да разговараме во Собранието, да ги отвориме прашањата без разлика колку се болни и на најтранспарентен начин да дојдеме до решение, бидејќи решението ни претставува насушна потреба. Мислам дека ќе ја сфатат таа потреба и ќе се приклучат кон ова.

Иницијативата досега ја поддржале 24 пратеници, меѓу кои и лидерите на ДПА и на НСДП и коалициони партнери на Груевски Мендух Тачи и Тито Петковски.

Но предлагачот Оровчанец се сомнева дека таa ќе успее, бидејќи како што вели не ја поддржува ВМРО ДПМНЕ.

-За неодржување на оваа седница ќе сметаме дека единствен одговорен ќе биде премиерот Никола Груевски

Според деловникот, таква седница може да се одржи, но засега не се знае дали спикерот Љубиша Георгиевски ќе ја свика.

XS
SM
MD
LG