Линкови за пристапност

Извештај за шест месечното работење на Антикорупциската комисија


535 поднесени претставки, решени 140. Ова е билансот со кој денеска се пофали Државната антикорупциска комисија во текот на шестмесечното работење. Нема разрешници на звучни случаи поврзани со актуелната власт.

Само податокот дека 45 избрани и наименувани лица во законски предвидениот рок не ја пријавиле нивната имотна состојба, поради што против нив се поднесени барања за прекршочна постапка. Одговорено е само на едно барање и тоа со прекршочна опомена, вели првиот човек на Антикорупциска Мирјана Димовска.

Од Управата за јавни приходи, Антикорпциска побара да ја испита имотната состојба на 14 избрани и именувани функционери.

Првиот случај со кој овој состав на Антикорупциска го започна својот мандат, за поведување кривична постапка против две поранешни директорки на Управата за јавни приходи во врска со неплатен данок на додадена вредност од Стопанска банка во 2004, наскоро ќе добие завршница, соопшти Димовска:

-Во делот на кривичната одговорност, Обвинителството има отворено истрага во чиј интерес нема да бидат соопштени други детали. А што се однесува до материјалната страна, која исто така е многу важна во борбата против корупцијата, соопштуваме дека партите што не и биле исплатени на државата, се вратени во буџетот.

Кривични пријави наскоро треба да се очекуваат и во два други случаи за злоупотреба на слубената положба. Едниот случај е за директор на средно училиште во Неготино, при што се бара кривично гонење поради злоупотреба на службената положба и неизвршување на судска одлука, а вториот е случај од 2003 година против тогашниот директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти за злоупотреба на службената положба. Но за овој случај прво од Обвинителството било побарано негово ажурирање.

XS
SM
MD
LG