Финасиската комисија на Претставничкиот дом одржа распит на кој економистите предвидоа натамошно опаѓање на вредноста на доларот.
Конзервативниот републикански конгресмен и член на Комисијата Рон Пол побара да се обрне внимание на падот на доларот – годинава паднал за 9 проценти во однос на еврото, а уште повеќе кон други валути:
-За над 10 проценти кон Британската фунта. И – какво изненадување – кон индиската рупија - ако имавте рупји, ке заработевте 13 проценти.
Тој ги запраша тројцата економисти на распитот дали ова треба да ги загрижи Американците. Алан Мелцер, професор на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург оцени дека доларот е слаб заради растечкиот надворешен дефицит на САД:
-Долгорочниот проблем е сериозен. Доларот ќе продолжи да паѓа во вредност. Зошто? Во основа, затоа што како нација многу повеќе инвестираме отколку што штедиме. Многу малку штедиме.
Бенџамин Фридман од Харвард вели дека ниедна друга земја не може да издржи толку голем надворешен дефицит, и дека е неодговорно САД да дозволат тој да биде еднаков на 6,5% од националниот приход. Но, ниту еден од економистите не смета дека постои опасност од големата акумулација на долари од страна на Кина и Јапонија. Ниту едната, ниту другата, велат тие, нема да профитираат од евентуално продавање на доларските залихи со цел уште повеќе да ја девалуираат валутата.
Џејми Галбрајт, син на починатиот добитник на Нобелова награда за економија –Џон Кенет Галбрајт е професор на Универзитетот на Тексас:
-Сметам дека проблемот е во системот, што, како и сите монетарни - е нужно ризичен - подложен на шокови, кризи, паника и евентуален колапс.
Ниеден од економистите не сакаше да предвиди уште колку долго ќе паѓа доларот, но затоа истакнаа дека понатамошно паѓање би можело да ги намали цените на американскиот извоз, со што тој би се зголемил и би се намалил обемот на надворешниот дефицит.