Линкови за пристапност

САД пред зголемена терористичка закана, тврди најнов извештај на американското разунавање


Во денес издадениот документ – Проценка на националното разузнавање – стои дека заговорот на Ал-Каида против САД најверојатно би бил насочен на проминентни цели. Цели на таквиот напад се масовни жртви, воочлива и драматична деструкција, значаен последователен економски шок и страв.

Извештајот претставува колективна проценка на 16 американски разузнавачки агенции. Во него се вели дека Ал-Каида најверојатно ќе се обиде да ги употреби контактите и капацитетот на групата „Ал-Каида во Ирак“ за напад врз САД. Оваа е единствена филијала на Ал-Каида за која се знае дека изразила намера да ги нападне САД дома, наведуваат разузнавачките агенции.

Според извештајот, Ал-Каида ги заштитила и обновила клучните елементи на својот капацитет за напад врз САД, меѓу кои наоѓањето засолниште во племенските области во северозападен Пакистан.

XS
SM
MD
LG