Линкови за пристапност

Белата куќа и Конгресот со различни ставови за ирачката политика


Двајцата важат за лидери во Сенатот за прашања од националната безбедност. Џон Ворнер од Вирџинија е највисокиот по ранг републиканец во Сенатската комисија за вооружени сили. Ричард Лугар од Индијана е главен претставник на партијата во Комисијата за надворешни работи. Тие предложија легислатива што на владата и дава време до средината на октомври да изврши преглед на ирачката политика и и да изготви план за ограничување на мисијата на американските војници во Ирак на обука на ирачките сили, заштита на границите и американскиот имот и борба против тероризмот. Ворнер и Лугар сметаат дека по повеќе од четири години од соборувањето на Садам Хусеин, време е Конгресот повторно да ја одобри воената акција и да ја земе предвид променетата природа на битката.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа Стивен Хедли за телевизијата Фокс изјави дека предлогот на Ворнер и Лугар не е неопходен, истакнувајќи дека веќе постои востановен процес со кој се врши преглед на ирачката стратегија на претседателот Буш, и дека ќе започне во септември:

- Ќе започне со извештај од нашите команданти на теренот, генералот Петреус и амбасадорот во Ирак Рајан Крокер. Во септември ќе се вратат во Вашингтон со серија извештаи од администрацијата и надвор од неа, и тоа ќе биде време да се разгледаат прашањата што ги покренаа сенаторите.

Сенаторот Ворнер, пак, смета дека неговиот заеднички предлог со Лугар е добар и му му дава простор на претседателот да почне да размислува за разни политички варијанти во врска со Ирак. Тој за ТВ-мрежата Еј-Би-Си кажа дека најновата стратегија на претседателот Буш – со засилување на американските сили во Ирак да ја врати безбедноста, нема да доведе до подобрување на политичката ситуација во земјата:

- Засилувањето беше со цел да обезбедиме определено ниво на безбедност во Багдад, за да може тамошната влада да си ја врши работата. Таа најверојатно нема да работи како што очекувавме. Претседателот ќе мора да направи некои промени и јас сум убеден дека ќе го стори тоа и ќе го извести Конгресот.

Предлогот Ворнер-Лугар наиде и на студен прием меѓу демократите во Сенатот, кои сакаат конкретен временски рок за повлекување од Ирак. Ова е сенаторот Џим Веб од Вирџинија, кој за ТВ-мрежата Ен-Би-Си кажа:

- Стасавме до точка каде мора да се обединиме во Конгресот и да внесеме малку ред во целата ситуација.

Во саботата, ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави дека ирачките сили се подготвени да обезбедат целосна стабилност кога ќе заминат американските војници. Но, во неделата, министерот за надворешни Хошјар Зебари, кажа дека премиерот со тој коментар не повикал на итно повлекување на силите.

XS
SM
MD
LG