Линкови за пристапност

Приведените имигранти без соодветна лекарска нега


Нов владин извештај вели дека приведените во американските имиграциони центри не добиваат адекватна медицинска грижа. Три групи за заштита на човековите права одржаа брифинг на Капитол Хил за да го вртат вниманието на проблемот.

Групите велат дека нема единствени стандарди за обезбедување хуман третман за приведените имигранти. Тие велат – луѓето страдаат, а неколкумина умреле заради бавно обезбедување на лекарски третман.

Џун Еверет вели дека нејзината сестра умрела заради недобивање навремена лекарска помош. Таа имала статус на постојан жител на САД, а уапсена била на враќање од нејзиниот роден Барбадос.

-Сандра умре зашто ја изневери американскиот систем.Системот во кој верувавме. Систем што мора да се поправи за да не се губат повеќе животи."

Американската влада издаде извештај за состојбата на овие објекти. Таму стои дека некои од нив се преполни и недостига медицинска нега.

Но, американските имиграциони и царински претставници ги негираат овие тврдења. Ова е портпаролот Џејми Звајбек:

-Медицинската нега што повеќето луѓе ја добиваат во овие објекти, во голем број случај е подобра од онаа што тие обично ја имаат."

Мишел Гарнет МекКензи е од групата за човекови права од Минесота. Таа вели дека често медицинските проблеми на приведените се игнорирани, а понекогаш тие се сместени заедно со осуденици во локалните затвори.

Том Џавиц, имиграционен адвокат од Американската Унија за граѓански слободи, вели дека видел како приведените спиеле еден врз друг во претрупаните ќелии, што, вели. Го зголемува ризикот од тензија и ментални пореметувања.

Учесниците во брифингот побараа поголем владин надзор на условите во кои се држат притворените.

XS
SM
MD
LG