Научниците од НАСА на прес-конференција во Вашингтон ги открија плановите на Агенцијата да ја продупчат мразовата покривка на Марс близу северниот пол на планетата. Мисијата Феникс е дизајнирана да открие докази за постоење на вода или живот на црвената планета.
Сондата е закажана за лансирање во раните утрински часови на 3-ти август и ќе бидат потребни 10 месеци да стаса до целта. Бери Голдстаин е раководител на проектот:
-На 25-ти мај 2008-ма – забавата почнува. Ќе се оддели од леталото. Ќе патува со брзина од 12.600 милји на час. Ќе ја користи главно енергијата со заштитната обвивка која се наоѓа на дното на леталото. Ќе се искористи до 94 проценти од енергијата при влегувањето.
За разлика од досегашните сонди кои отскокнуваа од површината, оваа ќе има способност меко да се приземји.
Откако правта ќе легне, се ангажираат соларните зраци од Феникс. Камерата влегува на лежиштето и другите инструменти почнуваат да собираат примероци за анализа. Тоа ќе го направи со далечинско управување од тимот на Питер Смит од Универзитетот во Аризона:
-На мисијата гледам како на отскочна даска кон потрагата по вода и живот на други планети. Се надеваме дека ќе пронајдеме место кое ќе го сметаме за пригодно за живеење на Марс. За мене ако успееме да пронајдеме такво нешто ќе претставува извонреден успех за мисијата.“
Јавноста е поканета да и се приклучи на мисијата Феникс во потрагата по вода и живот на Марс преку интернет-страницата www.NASA.gov .