Линкови за пристапност

Северна Кореја го затвори Јонгбјон


Шефот на Меѓународната атомска агенција Мохамед Ел Барадеј денес кажа дека ќе треба околу еден месец инспекторите на ОН да ги запечатат инсталациите на најголемиот нуклеарен реактор на Пјонгјанг.

Првата пратка гориво во замена за затворањето Северна Кореја веќе ја доби од Јужна Кореја, а Сеул вели дека денес испратил и друга.

Американскиот пратеник Кристофер Хил вели дека е внимателен оптимист за мултинационалниоте напори чија цел беше прекин на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG