Линкови за пристапност

Рајс бара повеќе време за ирачката стратегија на Буш


Еден ден откако претседателот Буш го објави извештајот за Ирак, Кондолиза Рајс побара конгресните критичари да почекаат извесно време. Таа подвлече дека ирачката влада не направила доволен напредок како што посакуваше Вашингтон, но сепак ги повика противниците на најновата ирачката политика на претседателот Буш - со засилување на американските сили во Ирак да ја врати безбедноста во земјата - да дозволат со тек не времето да се утврди дали таа ќе даде резултати.

Вчера Белата куќа по барање на конгресот поднесе прелиминарен извештај за Ирак во кој стои дека во Ирак е постигнат ограничен воен и политички напредок.

Рајс ја нарече ситуацијата “тешка“, но кажа и дека „се уште се работи на неа“. Таа наредниот месец ќе замине за Блискиот Исток заедно со секретарот за одбрана Роберт Гејтс, на консултации со американските сојузници околу Ирак.

Истиот ден кога претседателот го објави извештајот за Ирак, Претставничкиот дом - во кој контрола имаат демократите - усвои резолуција што повикува на повлекување на најголемиот дел од борбените сили од Ирак до 1-ви април наредната година. Резолуцијата бара од претседателот да го извести Конгресот дали во Ирак воопшто треба да остане одреден број сили за ограничена употреба, како што се обуката на ирачките сили и дипломатското обезбедување.

XS
SM
MD
LG