Линкови за пристапност

Кавга Макрадули- Славевски


Вчерашните навреди што во Парламентот си ги разменија министерот за финансии Трајко Славевски и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јани Макрадули денеска се префрлија во медиумите. Министерот Славевски вели дека пратеникот на СДСМ користел невистини, сакајќи да го одвлече вниманието од борбата против корупцијата и криминалот.

СДСМ на прес конференција, а потоа и Макрадули во парламентот го обвини министерот дека го вработил синот во Македонската берза, институција која подлежи на Министерството за финансии.

Ова е второ обвинување за непотизам за министерот Славевски оваа недела, откако претходно опозицијата обвини дека неговата ќерка се вработила во Агенцијата за инвестиции.

- Некој ќе треба да даде одговор како ја залажува македонската јавност дека дете од 18 години може да работи таму. Не знам што би можел да работи таму? Целта би можела да биде да се сврти вниманието на јавноста од некои други процеси во РМ, на пример борбата против криминалот. Дали забележувате дека малку се зборува за приведувањето на Јорго Ќука?

Славевски и во двата случаи негираше дека тие се вработени. Макрадули вели- можеби не е класично вработување, но синот на Славевски се појавува таму.

-Можеби не е вработено, но има и други форми каде што луѓето одат на работа. Ние се уште чекаме дефинитивно да видиме и од Агенцијата за вработување. Можеби е примен на одредено време од три месеци.

Макрадули денеска ја обвини власта за фалсификат на стенограмите од вчерашната собраниска дебата, каде што недостасувале зборовите на министерот, што според него е сериозно кршење на демократските вредности.

-Не може одговарањето со „не“ да биде репер во Македонија за начинот на однесување на министрите. Ова е четврти инцидент од страна на Трајко Славевски. Но загрижува фактот што некој се реши да го фалсификува стенограмот од Собранието. Тоа е најголема повреда на демократијата во РМ досега во овие 16 години

Министерот Славевски вчерашнотоно и претходните однесувања на Макрадули во парламентот ги оцени како проблематични. За тоа сведочат и изјавите на пратениците, вели тој.

XS
SM
MD
LG