Линкови за пристапност

Презентирана годишната национална програма за борба против корупцијата


103-тото место на Македонија во прецепцијата на корупцијата во светот е срам и најдобриот доказ за тоа до каде допревме. Вака министерот за правда Михајло Маневски кусо ја објаснува ситуацијата со борбата против криминалот и коруцијата во Македонија и покрај сите најави и тврдења дека таа се засилува.

Неефикасна и партизирана администрација, непотизам и судство подложно на политички и бизнис - влијанија. Ова е структурата на Македонија во 2007 година што ја претстави Државната антикорупциска комисија, во очекување на членство во НАТО и во ЕУ.

- Професионална, испартизирана јавна администрација и на централно и на локално ниво, дека работи нетранспарентно со ниско ниво на отчетност, дека има непотизам во политичките партии кои се затворени од финансиски, па и од друг вид на регуларна контрола, дека тој однос се пренесува и во органите за решавање, дека судството е затворено и подложно на надворешни влијанија, вели нејзиниот претседател Мирјана Димовска, која ја презентираше годишната програма за антикорупција.

Министерот за правда Маневски вели дека сепак вината за ваквиот срамен степен на корупција во Македоинија е во немањето политика волја за справување со криминалците.

- Да имаше барем минимум политичка волја немаше да го допреме дното во еден бесконечно долг транзиционен период кој се карактеризира со голем број криминални приватизации на општествениот капитал, криминал и корупција кои достигнаа огромни размери.

Во обемниот материјал на Антикорупциска, се предвидува транспарентност на пратениците и функционерите, со финансиска контрола на политичките партии, со обука за истражувачко новинарство, јакнење на синдикатите и невладините организации и базата на податоци на институциите и нивно мрежно поврзување, со цел зголемување на ефикасноста во борбата против корупцијата.

Нова мерка што ја најави Димовска ќе биде и забраната за вработување и отпуштање на службеници во сите органи за спроведување на законите, да не смее да се менува јавниот обвинител пред истекот на мандатот.

-Сакајќи да го стопираме, предвидовме една година пред изборите да не може да се прават наменски вработувања. Партијата што е на власт ќе вработи стотици луѓе.Завршуваат изборите и доколку резултатот е во полза на другата групација, обидете се таа пребукираност, што не е планирана со редовните буџети да ја симнете и веднаш добивате партиска назнака.

Но Антикорупциската комисија се уште нема одговор на прашњата во јавноста за непотизам во владините редови - како момчето на министерката за внатрешни работи станал советник на премиерот, како ќерката и синот на министерот за финансии се вработиле во државни институции. Ова последново, вчера беше причина за размена на жестоки навреди помеѓу министерот Трајко Славевски и пратеникот Јани Макрадули, поради што седницата на Парламентот беше прекината.

XS
SM
MD
LG