Линкови за пристапност

Посета на австрискиот претседател на Скопје


Поддршка за членство во ЕУ и НАТО и подобрување на економската соработка. Ова денеска во Скопје, на македонскиот претседател Бранко Црвенковски му го ветил шефот на австриската држава Хајнц Фишер. Австрија, вели тој, активно ќе ја поддржи Македонија во реформите за добивање датум за преговори со Унијата. Но прво го очекува извештајот на Европската Комисија за напредокот.

-Од тие причини навистина сме љубопитни како ќе изгледа извештајот на ЕК за напредокот на РМ бидејќи од него ќе зависи као ќе чекорите понатаму односно ќе зависи и членството во ЕУ. Навистина се надеваме и сме подготвени да ја дадеме нашата поддршка како Република Австрија за оние нешта за кои се преговараше во Брисел.

Австрискиот претседател се согласува дека еден од начиниот за подобрување на макеоднската економија се инвестициите, па затоа со себе поведе и поголема груопа бизнисмени. Но вели дека инвеститорите мора да бидат сигурни дека постои правна стабилност.

Претседателот Црвенковски вели дека австриската поддршка за што поскоро членство во ЕУ е од посебно значење за Македонија, како еден до приоритетите на надворешната политика.

- Република Австрија зазема многу високо, значајно место во приоритетите на нашата надворешна политика и во делот на билатералните односи, но исто така имајќи го предвид фактот дека се работи за земја - членка на ЕУ, географски блиска и добар познавач на регионот на кој му припапаѓаме и во процесот на наше интегрирање во ЕУ.

Косово и спорот со Грција за уставното име биле тема на која претседателите Црвенковски и Фишер имаат идентични мислења.

„Најдобро би било прашањето за статусот на Косово да се реши во Советот за безбедност на ОН. Доколку тоа не се случи двете земји ќе се залагаат за почитување на ставот на ЕУ“. Австрија, според Фишер смета дека едностраното прогласување независност на Косово е непожелна и непреопорачлива варијанта.

Австрија се надева дека билатералниот спор за уставното име меѓу Македонија и Грција наскоро ќе се реши, бидејќи Австрија е една од 100-тината земји во светот која ја признаваат и комуницираат со Македонија под уставното име.

Важна е содржината на договорот, а не местото и времето кога тој ќе се потпише, вели австрискиот претседател во врска со спорот на релација претседател-Влада за тоа каде да се потпише спогодбата за избегнување на двојното оданочување, кое денеска беше одложено.

XS
SM
MD
LG