Линкови за пристапност

Несогласувања Славевски-Црвенковски


Австрискиот претседател Хајнц Фишер денеска кај шефот на македонската држава Бранко Црвенковски. Австриските бизнисмени на средба со министерот за финансии Трајко Славевски. Вака ќе изгледа денешната официјална посета на политичко- економската делегација на Австрија, која уште на почетокот се соочува со скандал. Министерот Славевски и Кабинетот на Црвенковски се скараа за локацијата каде ќе биде потпишана Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување.

„Практика на Владата е овој тип на спогодби кои се резултат на долги преговори меѓу две држави да се потпишуваат во Владата. Финансиите не се во доменот на претседателот на државата“, било објаснувањето од Министертвото од каде инсистирале Славевски и австрискиот генерален секретар за надворешни работи Јоханес Карле да го потпишат договорот во Министертвото.

Претседателот Црвенковски, како домаѓин на делегацијата инсистирал тоа да се случи во Собранието во присуствио на двајцата претседатели.

На крајот решението било потшишувањето да се одложи.

„Министерот за финансии одби да ја потпише спогодбата во присуство на претседателите како што налагаат дипломатските и протоколарните норми за вакви посети од највисок ранг“, се вели во писмената реакција до Кабинетот на претседателот. „Жалиме што поради ваквото неодговорно однесување се нарушува меѓународниот углед на РМ и се фрла сенка на билатералните односи со Австрија“.

Вчера обелоденетиот скандал започнал пред една недела, кога во програмата за посетата на австриската делегација, составена од МНР упатена до претседателскиот Кабинет било предвидено потпишување на ваква спогодба во Министерството за финансии.

Кабинетот не се согласил, со образложение дека е преседан да се двои официјалната австриска делегација на која домќаин е Црвенковски и побарал потпишување во Кристалната сала на Собранието.

Од Министерството за финансии контактирале со Австријците и ги известиле дека потпишувањето ќе се случи по неколку дена во Владата. „Тие се разбрани и немаат забелешки“, велат во Министерството.

XS
SM
MD
LG