Линкови за пристапност

СДСМ најавува 1.900 амандмани за новиот деловник


Неизвесно е дали в понеделник Парламентот ќе ја започне расправата по новиот деловник. Доколку започне, тогаш ќе биде интересно, коментираат пратениците. Откако власта не го прифати предлогот на СДСМ за повлекување на деловникот од процедура и негово донесување со политички консензус, тие најавуваат 1.900 амандмани. Главно, за временското ограничување на дискусите во Парламентот и употребата на јазикот, вели координаторот на пратеничката група Јани Макрадули:

-Г-динот Мендух Тачи е едно во право- дека оваа Влада се однесува како детска градинка. Ваквата инает политика повеќе наликува на јасли, отколку на детска градинка. Ние подготвивме околу 1.800-1.900 амандмани, ќе видиме како во понеделник ќе тераме.

Амандмани најавуваат и од ДУИ. Пред се за употребата на албанскиот јазик и при водењето на пленарните седници. Пратеникот Сафет Незири вели дека доколку не се прифати нивното барање, не треба да се смета на нивната поддршка на собранискиот устав:

-Пратеничката група ДУИ-ПДП има поднесено амандмани, посебно за употребата на јазикот, каде што ние предлагаме дека треба целосно во сите сфери на работата на Собранието на РМ да се употребува албанскиот јазик.

Ова е обид за блокада на работата на Парламентот, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ. Според Влатко Ѓорчев, цел не е деловникот туку граѓаните, кои треба да се направт незадоволни од работата на актуелната власт:

- Се работи за политичка тактика чија крајна цел е да се блокираат институциите и граѓаните да се направат незадоволни, во функција на политиката на СДСМ, вели тој.

ДПА и натаму е на ставот да гласа воздржано. За нив, според Ружди Матоши е спорен бројот на законите кои би се гласале со бадентерово, или двојно мнозинство. 46- колку што беа договорени помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за нив се сепак премалку
XS
SM
MD
LG