Со 40 милиони евра Владата ќе се обиде да го крене на нозе коматозното македонско здравство. Парите се наменети за купување нова апаратура-магнетни резонанци, компјутерски томографи, апаратира за молекуларна дијагностика и ехо апарати. Како што вели министерот за здравство Имер Селмани, најсовремена во македонското најблиско соседство. Премиерот Никола Груевски, кој со целата влада во позадина, вчера го објави проектот, вели дека нема да има приоритети каде оваа опрема ќе заврши.
- Сите поголеми болници во Македонија, не само воСкопје, не само во Клиничкиот центар вклучувајќи го и него, во поголемите болници, особено во регионалните, да се донесат опрема и потребни медицнски помагала кои ќе овозможат нормално и современо работење во нив. Со оваа инвестиција, како и со досегашните реформските зафати, македонската медицина, од пациент во коматозна состојба, станува врвна медицина, потполно усогласена со европските и глобалните трендови.
Министерот Селмани најавува дека со оваа опрема Македонија влегува во групата земји за рано дијагностицирање на кобните болести. Бројот на апаратите неопходни за нормално функционирање на секоја болница, со овој проект ќе се зголеми за петпати, вели тој.
- За првпат во РМ ќе функционира пет ЦТ системот, односно апаратура која што ја нема во нашето поблиско опкружување. Се воведува можноста за најрано откривање на карциномите, ќе се набават најсовремените ЦТ, односно компјутерски томограф, 64- слајсни, за коронографија без катетри. Се отвораат нови нови можности за магнетна резонанца. Со оваа одлука ќе имаме вкупно пет магнетни резонанци во РМ.
Премиерот Груевски вели дека можноста за ваква инвестици во макеоднското здравство била отворена откако Фондот за здравство успеал да ги подмири долгогодишните долгови и да дојде на ниво да почне да инвестира во нова опрема. Повеќепати досега, како причина за големиот број неуспешни лекувања и погрешни дијагнози се наведуваше токму застарената опрема.