Линкови за пристапност

Партиски недоразбирања за новиот деловник


СДСМ бара новиот предлог - деловник да биде повлечен од собраниска процедура. Тие сметаат дека вака како што е предложен тој го одразува само договореното меѓу лидерите Груевски и Ахмети.

- Апелираме до власта до утре да го повлече деловникот и да продолжиме да работиме на креирање на деловник што ќе биде ефикасен, а не да биде заложник на договорот меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, вели координаторот на пратеничката група на опозицијата, Јани Макрадули

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат намера да го повлечат.

- СДСМ, Макрадули, Шеќеринска и нивниот ментор сакаат да имаме нефункционално Собрание, неносење на законите и загрозување на можностите што и се отвраат на нашата држава, вели Владимир Ѓорчев.

Ниту коалиционите партнери на ВМРО - ДПМНЕ, ДПА и ЛП во Комисијата за мандатно- имунитентни и деловнички прашања не гласаа за деловникот. Беа воздржани.

Спорен е членот три, кој предвидува пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, а кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓани на Македонија да може да зборува на седницата на тој јазик и да раководи со работното тело.

-Големата дилема е дали одредбата од членот три од деловникот е усогласена со Уставот или не. Таквата дилема очекувам, доколку деловникот помине, да ја разреши Уставниот суд, вели Ристана Лалчевска од ЛП.

Ѓорчев вели дека неприфаќањето на предлог деловникот од коалициксите партнери не ги загрижува, бидејќи тие имаат договор:

-Со коалициските партенри имаме констатирано потреба од донесување нов деловник и тука очекувам да ги усогласиме работите и да имаме добар производ и добар предлог.

На седницата не присуствуваа пратениците од ДУИ, не биле уредно поканети.

XS
SM
MD
LG