Чоколадата, особено темната, е добра за срце. Ова го велат истражувачи кои тврдат дека таа го спречува стврднувањето на артериите кај пушачите и има повеќе антиоксиданти по грам отколку црвеното вино, зелениот чај или боровинките.
Луѓето ја купуваат заради вклусот, но во нова студија објавена во Журналот за медицина, доктор Дирк Тауберт со колегите од Универзалната болница во Колоњ дошле до интересни сознанија давајќи чоколада на 44 инаку здрави лица, но со висок крвен притисок.
-Темната чоколада го намали систолниот крвен притисок за две запирка девет единици, а а дијастолниот, или малиот крвен притисок се намали за еден запирка девет единици. Белата чоколада немала никаков ефект на крвниот притисок-вели тој.“
Други студии покажале дека млечната чоколада, или темната чоколада кога се јаде со млеко, не се корисни како чисто темната чоколада. Темната чоколада содржи хемикалии наречени полифеноли, што го зголемуваат производството во организмот на таканаречениот нитритен оксид – кој, пак, ги проширува крвните садови, со што се создава повеќе простор за протек на крвта и со тоа се намалува крвниот притисок.
Доктор Тауберт вели дека сосема мали количини чоколада донеле големи позитивни ефекти – во студијата употребените седум грама темна чоколада довеле до намалување на крвниот притисок. Што ќе рече – не претерувајте со чоколадата, зашто тоа може да доведе до зголемување на тежината, што не е добро за луѓе со висок крвен притисок.