Линкови за пристапност

Претседателот Буш се соочува со се поголем притисок  за Ирак


Демократите во Сенатот планираат да претстават серија од антивоени амандмани во обид да ја натераат администрацијата да ја промени стратегијата во Ирак. Амандманите се очекува да вклучат мерки за намалување на финансирањето на за борбените операции по април следната година.

Сенатскиот лидер на мнозинството Хари Рид вели – мисијата мора да се промени:

-Никој не бара моментално повлекување од Ирак. Велам дека ова е ситуација каде мора да има промена на политиката.“

Во исто време републикански сенатори отворено рекоа дека се изземаат од политиката на администрацијата за Ирак – како сенаторот Пит Доменики од Ново Мексико:

-Кај мене нема волја да ја продолжам сегашната стратегија кога ирачката влада не успева да ги напредне интересаите на ирачкиот народ."

Ова предизвика внатрешна дебата во Белата Куќа – дали претседателот треба да објави постепено повлекување на трупите од Ирак за да спречи натамошно осипување на републиканската поддршка.

Портпаролот Тони Сноу вчера ја отфрли таа можност:

-Нема таков план. На крајот претседателот сака да ги повлече трупите, но тоа да биде засновано на ситуацијата на теренот, а не како политички потег."

Администрацијата треба да поднесе извештај до Конгресот за напредокот во Ирак до 15 јули.

XS
SM
MD
LG