Линкови за пристапност

Русија има посебен интерес да се спротивставува на независноста на Косово


Зборувајќи по министерската средба во Бишкек, главниот град на Казахстан, Рускиот министер за надворешни работи изјави пред новинарите дека позицијата на неговата земја во однос на Косово е добро позната и е во согласност со меѓународните закони.

Какво било решение за Косово, вели Лавров, е можно само ако е засновано на договор помеѓу двете страни директно вклучени во проблемот.

Министерот Лавров вели дека резолуција за покраината не може да биде донесена без согласност на Србија, традиционален сојузник на Русија. Иако тој не кажа отворено дека Русија се подготвува за вето во Советот за Безбедност, тој навести дека неговата земја ќе го стори токму тоа.

Москва се повикува на бројните, таканаречени замрзнати конфликти во кој се вклучени етнички малцинства, во и околу Русија.

Вјачеслав Никонов, претседателот на истаржувачката организација Фондацијата Политика, вели дека Кремаљ не сака Косово да биде користено од сепаратистите во бројни области за да ги загрозуваат вложувањата или територијалниот интегритет на Русија.

Помеѓу тие региони, вели Никонов, се Трансднистрија во Молдавија, како и Абхазија, Јужна Осетија и Нагорно-Карабах во Кавказ. Аналитичарот додава дека за жителите на сите овие непрепознатливи земји, Косово ќе биде преседан.

Претходната недела, еден од замениците на Лавров, Андреј Денисов, за агенцијата Интерфакс изјави дека меѓународната заедница треба да формулира правно-обврзувачки документ со принципи применливи за типот на конфликти како Косовскиот, кој ќе ги почитува или територијалниот интегритет или правото на самоопределување.

Претседателот на САД Џорџ Буш и неговиот руски колега Владимир Путин дискутираа за Косово на нивната последна средба во Кененбункпорт, Мејн. По средбата тие не соопштија никаков напредок.

XS
SM
MD
LG