Американците го прославија 4ти јули со паради, огномет и чувство на претпазливост.
Обезбедувањето беше силно во поголемите американски градови каде големи толпи луѓе се собираа за празникот.
На појавувањето пред армискиот персонал и нивните семејства, Претседателот Буш зборуваше за важноста на пресретнувањето на терористичката закана, дома и надвор:
-Во војната против радикалите и екстремистите покажувате храброст што зборува дека независноста освоена пред повеќе од два века е пожива отсекогаш, овде во Западна Вирџинија."
Господинот Буш ја бранеше својата политика во Ирак и ги поттикна Американците да бидат трпеливи додека дополнителните американски сили се приклучуваат на напливот на трупите.
Околу пладне претседателот се врати во Вашингтон, веќе преполн со празнични посетители.
Тие се собраа под невообичаено силно обезбедување. На големиот тревник меѓу зградата на Капитолот и Споменикот на Вашингтон се влегуваше преку безбедносни контролни пунктови.
На овој четврти јули се одбележаа 231 години од објавувањето на Декларацијата на независност од Британија. Во Вашингтон и насекаде низ Америка, Американците се здружија во една голема роденденска прослава.