Линкови за пристапност

Британија воведува построги мерки за вработување


Премиерот Гордон Браун нареди преглед на процесот на вработување странци во здравствениот систем во земјата по апсењата на голем број лекари по минатонеделните бомбашки напади.

Браун во Парламентот изјави дека властите ќе вршат и проверка на досиејата на имигрантите кои влегуваат во земјата и добиваат висококвалификувани работи.

Сите осуммина приведени по автомобислките бомбашки напади во Лондон и во Глазгов минатата недела имаат врска со британскиот здравствен систем. Шест од приведените се во надлежност на полицијата во Лондон. Седмиот, Калид Ахмед, се наоѓа во болница во Шкотска откако се здоби со тешки изгореници во обидот со џип да влета во терминал на аеродромот во Глазгов.

Осмиот осомничен од индиска националност е Мухамед Ханеф. Тој беше уапсен во Австралија во време кога се обидуваше да замине од земјата.

XS
SM
MD
LG