Линкови за пристапност

Владата да формира национален совет за евроинтеграции,сугерира ЛДП


Власта итно да формира национален совет за интеграција во ЕУ и со тоа да го забрза процесот на приклучување на Македонија кон Унијата.

Ова е предлогот на опозиционата Либерално демократска партија, што според нив е всушност преземен од позитивните искуства на земјите, во моментот кога биле во иста фаза на кандидати за членство, вели потпретседателот на ЛДП Емил Кирјас

-ВМРО-ДПМНЕ е обврзана на овој чекор со потпишувањето на Коалицијата за Европа во 2005 година. Место за натамошни дискусии нема.

Во ЛДП сметаат дека националниот совет треба да ги обедини сите експертски потенцијали на Македонија, односно да се спречи одлевањето на милиони евра на странски советници, а со него да раководи опозицијата, тој додава:

-Потребно е вклучување на целиот национален потенцијал. Националниот совет за интеграција во ЕУ треба во својата работа да вклучи, покрај претставници на Владата и опозицијата, претставници од Собранието на РМ, претставници од Кабинетот на претседателот на државата, претставници на невладините организации, на академските институции, на стопанските комори и секако на медиумите. Претстадвањето со Советот мора согласно искуствата на другите земји да биде отстапено на член на опозиционите партии. Со тоа опозицијата, од пасивен набљудувач, како што е во моментот, ќе стане активен чинител во интеграцијата.

Немаме намера да измислуваме топла вода, одговараат од Владата. Според владиниот портпарол Ивица Боцевски, целиот институционален систем за евроинтеграции веќе е заокружен:

-Од овие причини Владата смета дека единствено што треба да се направи е да се продолжи со темпото што го наметна Владата во реализацијата на приоритетите на европските партнерства, да се продолжи на овој начин како што впрочем работи Владата со реализација на сите закони од 2006/2007 година, во скратен рок, со еден огромен напор на целата македонска администрација и ова темпо да го одржиме и во втората половина на годината. Немаме напемра да измислуваме топла вода повторно, туку имаме намера да ја интегрираме Македонија во ЕУ.

XS
SM
MD
LG